News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 30, 2024

Охрид, 30. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Највлијателниот рок бенд од поранешна Југославија „Бијело дугме”, прославува 50 години од своето постоење со голема турнеја, насловена „Диживети стоту“.

Култниот бенд, предводен од Горан Бреговиќ ќе свири 50 концерти во 50 градови. Славеничката турнеја стартуваше во мај годинава, од местото каде што всушност започна се’, во Домот на млади во Сараево, во далечната 1974 година.

На 12-ти април „Бијело дугме” доаѓаат во Скопје, каде ќе настапат во арена „Борис Трајковски“. Доаѓаат со оригиналната постава – Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ- Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ кои ќе приредат повеќечасовен рок спектакл.

Имаат објавено девет студиски, три концертни албуми, бројни компилации, полнејќи сали и стадиони ширум поранешна Југославија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука