Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти октомври 2024 година, во 20:35 часот, при контрола во близина на зграда, лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со 67 парчиња различни пиротехнички средства.
– Дополнително, на првиот кат од зградата, пронајдени се остатоци од испукани пиротехнички средства. Потсетуваме дека, неовластената употреба на петарди на јавни места, е казниво дело и предизвикување општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните и може да предизвика сериозни телесни повреди. СВР Охрид, во претстојниот период, ќе ги засилува контролите на јавните и населените места со цел, сузбивање на нелегалната трговија со пиротехника, согласно Кривичниот законик како и санкционирање на лица кои со пиротехниќки средства, го нарушуваат јавниот ред и мир, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива