Струга, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Пријавениот, на градежно земјиште на улицата „Туристичка“ во Струга, бесправно и спротивно на Законот за градење, изградил објект за домување. Инспекциски надзор извршила и градежна инспекција при општина Струга која констатирала кршење на законските одредби, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 170