News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 27, 2024

Охрид/Волино, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на големиот празник Преподобна Параскева, Света Петка, Петковден, денеска се одржа свечена церемонија на осветување на црквата „Св. Петка“ во селото Волино.

Церемонијата на осветувањето ја водеше неговото високопреосвештенство, Митрополитот Плаошки и Дебарско-Кичевски, г. Тимотеј, по што за присутните беше организиран свечен ручек и културно-уметничка програма.

Камен темелникот на објектот беше поставен на 2. август 2010 година.

Култот кон света Петка во поширокиот регион на Охрид и Охридско е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека таа особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците се молат на неа, особено жените, да им помогне во животните проблеми. Покрај храмовите посветени на светицата, често има и извори и се верува дека водата од овие извори е лековита и многу помага во заздравувањето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука