Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Ефтимиј Новиот.
Роден е во Анкира, во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана. Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија. Се подвизуваше строго и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун. Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден женски манастир.
Се упокои на Свештениот остров близу Света Гора, кон крајот на 9 век. Неговите свети и чудотворни мошти почиваат во Солун. (Крај)
извор: mpc.org.mk фото: архива
Прочитано: 84