News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 28, 2024

Во јануари 1965 година, Фране Селак (14.06.1929-30.11.2016), професор по музика од Дубровник кој често ги менувал градовите каде живеел, бил во воз кој патувал низ студениот, дождлив кањон на реката Неретва.

Во еден момент од патувањето возот излетал од шините поради карпата која паднала на шините и се урнал во реката. Случаен минувач истрчал да помогне и успеал да го спаси Фране од ладната река. За жал, 17 лица се удавија, заробени во возот кој потонал во реката.

Следната година, Фране патувал со авион, за прв и последен пат во животот. За време на летот, малиот авион претрпел сериозни проблеми и оштетувања, по што во еден момент, тој испаднал од леталото. Имал огромна среќа и паднал на стог сено од висина од 800 метри. Авионот се урнал во полето, при што загинале сите 19 патници.

Иако ова би било доволно возбуда и среќа за неколку животи, пред Фране биле уште многу изненадувања.

Во 1966 година, автобус во кој бил Фране падна во река, при што загинаа четири лица. Фране успеал да доплива на безбедно и поминал само со полесни повреди.

Во 1972 година, додека го возел неговиот автомобил, возилото одеднаш се запалило. Успеал да побегне непосредно пред да експлодира резервоарот за гориво.

Во 1973 година, во сличен инцидент, моторот на автомобилот на Фране се запалил поради неисправна пумпа за гориво. Поминал со малку запалена коса, но неповреден.

Во 1995 година, Фране бил удрен од автобус. За среќа се здобил само со полесни повреди.

Во 1996 година, додека возел по автопат, Фране бил принуден нагло да го смени правецот за да избегне голем камион. Оградата попуштила под тежината на автомобилот, и возилото паднало во клисура. Фране не носел појас, па бил исфрлен од автомобилот – право во дрво. Тој се држел за него и гледал како неговиот автомобил паѓа во клисурата.

Во неговиот живот не било се’ поврзано со вакви несреќни случаи.

Во 2003 година, на само два дена по неговиот 73-ти роденден, купил лотарија – и верувале или не бил среќниот добитник и добил приближно 1,1 милион долари.

Фране Селак почина во својот кревет на 87-годишна возраст.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: Larry Pannell

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука