Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пуштени во продажба билетите за најновата претстава на Народен театар Охрид „Кумови, што поради голем интерес повторно ќе биде изведена во четврток, 31-ви октомври.
Претставата е работена по текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Играат актерите: Адријана Билаловиќ -Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска – Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороскса – Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 133