Скопје/Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Унгарската нискобуџетна компанија авио-компанија WizzAir од вчера, кога стапи на сила зимскиот распоред на летање, укина три авиолинии од Скопскиот аеродром, од каде веќе нема да се лета за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.
За да се надомести интересот за Келн, WizzAir ќе ги зголеми фрекфенциите за Дортмунд, па така во ноември и декември ќе има летови секој ден до овој град во Северна Рајна Вестфалија.
На сајтот на авио-компанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти. Нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање иако засега ги нема во резервациониот систем. Од 29-ти ноември од Скопскиот аеродром се укинува и летот Скопје-Сараево кој го одржуваше грчката авио компанија Aegean Airlines преку нејзината подружница Olimpic Air. Грчката компанија го задржа летот Скопје-Атина, кој наместо досега 4 пати неделно, ќе биде три пати неделно.
Од Охридскиот аеродром ќе почне да лета Turkish airlines до Истанбул четири пати неделно, а WizzAir го враќа летот до Базел. (Крај)
извор: сдк.мк фото: архива