News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 29, 2024

Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Господ не дава на сите се’, туку на сите по нешто, за да можеме да си’ се најдеме. Како што вие ми се најдовте мене, порача охриѓанката Бојана Танеска Бонеска на нејзиниот профил на Facebook, откако периодов наназад бројни граѓани и компании од Охрид, целата држава и целиот свет донираа и организираа акции за да се соберат средства за нејзиното лекување.

– Најголемата лична победа на секој човек во денешно време е да остане Човек и тоа е поголема од било кој материјален успех. А вие покажавте колку многу ја има меѓу нас. Многу сум благодарна на мојот најмил Охрид, на мојата земја, дека ме држеа на раце кога немав тло под нозете. Дека ми дадоа воздух кога немав ни здив, дека ми подадоа рака, кога најмногу ми требаше… Ви благодарам на секој Еден Човек кој барем еднаш помисли и се помоли за мене. На секој Еден кој бар еднаш донира, сподели или мотивира некој друг. Човекот не е гладен само за храна, туку и за добрина. Ве известуваме дека потребните средства се собрани, вели Бојана.

Таа испраќа огромна благодарност до својот Охрид, до цела Македонија, до луѓето надвор од нашата земја кои несебично донираа.

– Животот не е секогаш удобно место на фотелја, знае да се урне како кула од карти. Се’ ова е Божја промисла, која не учи да сме понизни и да не врати кон него. Мојата борба ќе трае, но знам, колку и да е тешко, душата кога поминува низ болка станува помирна и поблиска до Бога, а кога се има поддршка, се’ е полесно. Ви посакувам Бог да ви даде здравје, порача Бојана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука