Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Погребот на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд, кој почина неодамна во Охрид, ќе се одржи денеска во близина на неговиот дом во Абердиншир.
Семејството и блиските пријатели, ќе присуствуваат на погребот на Салмонд, чии посмртни останки ќе бидат изложени во црквата Strichen Parish.
Салмонд почина на 12-ти октомври година на 69 годишна возраст. На Салмонд му се слошило додека присуствувал на школата за млади лидери во Охрид, организирана од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Екипите на Итната медицинска помош од Охрид интеревенирале, но немале никаква можност да го спасат. (Крај)
извор: Тв21 фото: архива
Прочитано: 94