октомври 29, 2024

Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Гимназијалците доминантни на општинските натпревари во кошарка во машка и женска конкуренција, што денес се одржаа во спортската сала на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

– Во женското финале кое се одигра помеѓу екипите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Гимназија со резултат 33:20 подобри беа „гимназијалките“ и заслужено ги продолжуваат натпреварите во зона. Во првото полуфинале во машка конкуренција играа СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и РЦСОО „Ванчо Питошески“. Во еден неизвесен натпревар до самиот крај „економистите“, беа подобри за половина поен, информира професорот Наум Јамандиев.


Додава дека во второто полуфинале се сретнале екипите на Гимназија и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, во кој натпревар, како и во самото финале против Економско, гимназијалците доминирале и со резултат 42:20 во финалето. Потенцира дека заслужено се на првото место во општината и ги продолжуваат натпреварите во зона. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука