Скопје/Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 61-годишно лице од Скопје пријавило дека во временскиот период од 7-ми до 9-ти октомври 2024 година, додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран.
– Според пријавеното, тој и претходно бил малтретиран од истите соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 312