октомври 30, 2024

Охрид, 30. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Наум Смилевски, ученик во прва година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид освои прво место на државниот натпревар на младите истражувачи од Република Македонија.

Првото место го освои во областа автоматика и роботика со CNC машина за пишување што сам ја дизајнирал и направил, од хардверски делови од компјутер.

– Ученикот во понатамошниот период има идеја машината да ја надогради со ласер за гравирање дрво и глодалка за гравирање метал, информираат од училиштето.

Натпреварот се одржа во Пехчево, во организација на Народна техника на Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука