октомври 30, 2024

Охрид, 30. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадници на затворската полиција при КПУ „Затвор“ Охрид утре ќе вршат боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“.

Боевото гаѓање ќе започне од 09:00 и ќе трае најдоцна до 14:00 часот.

– Се известуваат граѓаните од Општина Охрид и околните населени места дека ќе биде забрането движење околу стрелиште „Бејбунар“, сѐ додека гаѓањето не заврши, информираат од КПУ „Затвор“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука