Охрид, 30. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Dj и продуцент Ербил Џемоски има фантастична нова песна, синглот насловен „Simulations“.
Комплетната продукција, миксинг и мастеринг ги направи Џемоски, а песната е совршено парче музика кое во продукциска смисла, но и во креативниот дел, може да се носи рамо до рамо со најдобрите светски артисти во моментов.
Ербил е роден во Охрид, а уште од најрана возраст се дружи со музиката. Веќе на 13-годишна возраст започнал да се занимава со диџејство. Вели дека за него музиката е начин на живот, начин на искажување на човечките чувства.
– Со еден збор преку музиката може да се раскажуваат сите реалности на овој свет. Понекогаш и некоја песна, иако испеана на друг јазик, кој можеби не ни е познат, преку енергијата и емоцијата која ја пренесува ќе успееме да ја разбереме и нејзината содржина, изјави во интервју за Супер радио и OhridPress. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива