Охрид, 30. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Талентираната музичарка од Хрватска, 31-годишната Mia Dimšić ја сними одличната „Друштвена правила“, заедно со нашиот Влатко Стефановски, еден од најдобрите гитаристи воопшто на овие простори.
Музиката и текстот се на Mia, Vjekoslav Dimter и Damir Bačić, а аранжманот е на Ivan Pešut. Македонскиот гитарски виртуоз дава сосема нова димензија на песната на музичарката која доаѓа од градот Осиек. Токму денеска е објавено и официјалното видео за песната, снимено од AleXander (Aleksandar Ristovski).
Во 2022 година таа ја претставуваше Хрватска на изборот за песна на Евровизија со „Guilty Pleasure“, но не успеа да влезе во финалето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 81