Охрид, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со 18 точки на Дневниот ред, Градските советници денеска ќе ја одржат 47. седница во новиот состав.
Седницата ќе започне во 09:00 часот во зградата на општина Охрид.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седница
1. Предлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.
2. Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид.
3. Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.
4. Предлог-одлука за објавување јавни повици за избор на членови во Управни и Надзорни одбори на Јавните претпријатија основани од општина Охрид.
5. Предлог-одлука за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште на дел од КП.бр.10808/1 КО Охрид 2.
6. Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште КП.бр.11916/1 и други во КО Охрид 3.
7. Предлог-одлука за донесување техничка исправка во табеларен приказ за нумерички податоци за ГП 8.14 и ГП 8.15 во ДУП за дел од месна заедница „Гоце Делчев“ Болнички комплекс, Блок 8 Охрид, општина Охрид.
8. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 9, ГП 14 и ГП 15 формирани во ДУП за дел од МЗ „Гоце Делчев“ Болнички комплекс во КО Охрид 4, општина Охрид.
9. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 15.20, ГП 15.21, ГП 15.38 и ГП 15.39 формирани во ДУП за УЗ 18, УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ во КО Охрид 4, општина Охрид.
10. Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 1.30 во ДУП за Урбана заедница 2 дел од Урбан Блок 2.3 опфат 1 Охрид.
11. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 1.
12. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.915 и КП.бр.916 КО Охрид 4.
13. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.962/1 и КП.бр.961 КО Оровник, објект 1 и објект 2.
14. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1515 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.
15. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1661 КО Пештани.
16. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1802/1 КО Лескоец, објект 1.
17. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2477/1 КО Коњско, објект 3.
18. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.7085/4 КО Охрид 1, објект Е15. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес