Охрид, 31. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти октомври 2024 година, во 15:50 часот, во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно малолетно лице.
– Патничко возило марка „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 48-годишно лице од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 380