Охрид, 1. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви октомври 2024 година, во 17:36 часот, во СВР Охрид е пријавено дека била опожарена езерска трска во водите на Охридското Езеро, во близина на охридското село Пештани.
– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 81