Охрид, 1. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за подобрување на уличната мрежа во Охрид, денеска се изврши асфалтирање на краци од улица „Ристо Чадо“ во должина од 300 метри, информираат од охридската локална самоуправа.
– Во тек се и подготвителни градежни активности за асфалтирање и на краци од улицата „Ѓорче Петров“. Асфалтирањето е дел годишните програми за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид, потенцираат од локалната. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 87