Бостон, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради злоупотребата на алкохолните пијалоци, организмот дехидрира бидејќи се блокира ослободувањето на антидиуретичните хормони.
Прекумерните количини на алкохол, исто така ги прошируваат крвните садови кои се наоѓаат под површината на кожата, што може да доведе до пукање на крвните садови во носот и образите.
Умерената конзумација на алкохол носи и корист за здравјето, а под “умерена” потрошувачка се подразбира: црвено вино – една чаша, пиво – мала чаша, ликери – мала чашка – за жените. Ова количество помножено, но само со 2 – важи за мажите. (Крај)
извор: ОхридПрес/boston.com фото: архива
Прочитано: 20