Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката, повторно на репертоарот во вторник, на 5-ти ноември 2024 година, со почеток во 20:00 часот.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак, која за оваа улога ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата“ кој се одржа во Куманово.
Цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот. Резервации за претставата не се примаат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива