Охрид, 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По неодамнешниот „Тажен понеделник“, синглот „Оловен војник“ е последното парче музика кое го нуди скопскиот инди-рок бенд Милко и ги претставува во исклучително игриво издание.
Станува збор за песна која е исполнета со модерен, свеж музички израз и звук. Авторско дело е на Сашо Митревски, а е снимена во студио „Алшар“ со Ивица Јанкуловски како продуцент.
Милко по пет години пауза ќе одржат концерт токму вечерва во Café Kotur во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22