Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со почетокот на ноември продолжуваат градежните работи на дел од патниот правец кој ќе води од градот Елбасан во соседна Албанија до Граничниот премин „Ќафасан“ со Република Македонија.
Премиерот на Албанија Еди Рама на неговиот профил на Facebook, утрово објави видео од градежните работи кои се одвиваат на овој дел од патниот правец.
Работата на овој потег започна пред нешто повеќе од една година. Станува збор за потег од околу 6 километри, а целиот зафат до границата со Република Македонија треба да заврши за околу две години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Еди Рама
Прочитано: 353