Скопје/Охрид, 4. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Треба ли да се роди Ерин Брокович во Македонија за да почнеме да дишеме чист воздух? Сега откако за првпат кај нас највисокиот Врховен суд, едногласно, усвои начелно правно мислење, со кое ја задолжува државата да обезбеди здрава и чиста животна средина, на граѓаните им се овозможува да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух.
Ова е голем исчекор во нашиот правен поредок на рамниште со светот, вели за „Слободен печат“ адвокатот Александар Гоџо од адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ од Охрид, подносители на иницијативата.
– Морам да напоменам дека идејата за предизвикување на нашиот правен систем по ова прашање потекнува од Центарот за правни истражувања и анализи. Ова прашање денес не се поставува само кај нас туку и во светот и тангира една нова генерација на права кои се изедначуваат со основните фундаментални човекови права и се предмет на операција на законодавните, извршните и судските органи. И Европскиот суд за човекови права се занимава со оваа проблематика, се радувам што оваа дебата и кај нас се отвори. Драго ми е што Врховниот суд направи правнички исчекор во корист на граѓаните и на судскиот систем, вели Гоџо.
Со овој момент, како што вели Гоџо, се поставиле четири важни прашања за натамошен тек на Управните судови.
– Македонија ги има исполнето речиси сите меѓународни обврски во однос на примена на тие конвенции во нашиот домашен правен поредок. Јас не велам дека нашата држава не се грижи за здрава нација, секоја држава се грижи онолку колку што може, но прашањето е кога таа се обврзува да донесе акционен план, да воспостави систем за мерење, а тоа не го прави, тогаш каде може граѓанинот да бара правна заштита. И со оваа одлука на Врховен, која е за поздрав, се покажа дека тоа ќе биде Управниот суд, додава тој.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Слободен печат фото/видео: СЛободен печат