Охрид, 4. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во напредна фаза се активностите за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“.
– Денес се поставува првиот слој асфалт. Согласно проектот на улицата се постави атмосферска канализација, се уредија тротоарските површини и се поставува ново осветлување. Со поставувањето на сите слоеви асфалт Охрид добива уште една реконструирана улица по сите стандарди, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20