Охрид, 5. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Прилеп и 60-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Во Љубаништа, пријавените изградиле семејна куќа без да поседуваат одобрение за градење од надлежен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 119