Охрид, 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од соработката на Македонското еколошко друштво со Националниот парк „Галичица“ спроведено е пребројување на популацијата на дивокоза на територијата на паркот.
– Овојпат регистриравме само една единка. Со пребројувањето диви животни стекнуваме важни информации за популациите и придонесуваме за зачувување на биолошката разновидност во националниот парк, информираат од Македонското еколошко друштво.
Додаваат дека заедно продолжуваат да работат за зачувување на овие прекрасни планински видови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 181