Венеција/Охрид, 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се’ е подготвено за утрешната изложба. Ве очекуваме сите од 18:00 часот, порача познатиот охридски уметник Сашо Блажес, чија самостојна изложба „Lost in reflection“ ќе биде отворена утре во Blue Gallery во Венеција.
Критичарот Camilo Racana потсетува дека од самостојната изложба во Берлин во 2017 година, до онаа во Париз, оваа, 2024 година, Сашо Блажес генерира пет големи изложби, кои се негови пет посебни точки.
– Линијата на неговата работа може да се следи преку неговите особености. Во неговото творештво неопходно е посебноста на секоја изложба да се разбере, не како нејзина разлика, туку преку начинот на приближување кон заедничката тема на петте, прашањето за исчезнувањето на портретот. Неговото присуство, неговата невидливост. Патувањето, вели Racana за изложбата на Блажес. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива