News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 6, 2024

Скопје/Охрид, 6. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Делот од Коридорот 8 кој ги поврзува Кичево со Охрид по седумгодишна летаргија и стагнирање, не само што е откочен, туку веќе и некои дванаесетина километри во потегот на местото Песочан се асфалтирани од едната страна на коловозот и очекувам да почетокот на новата туристичка сезона од Арбиново, практично до Охрид тој дел да биде пуштен, изјави денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

– Исклучок се неколку километри во делот кај селото Ботун, каде имаме свлечиште кое треба да биде санирано. Во суштина, има 16 свлечишта но, ова е најголемо, а очекувам до крајот на 2026 година, тоа што го ветивме од Кичево да се поврземе до Охрид комплетно, изјави премиерот Мицкоски.

Екипа на OhridPress во текот на вчерашниот ден направи обиколка на патниот правец до Кичево, при што на лице место се констатираше состојбата во моментов.

– На потегот од Охрид до Подмоље се поставува земја во просторот помеѓу двата коловози. Од селото Ботун кон Арбиново и натаму поставена е асфалтна подлога и на вториот правец и се работи на патеката помеѓу коловозите. Поголема градежна механизација има кај Арбиново каде се одвиваат градежи зафати. Двата пата одат парарелно сѐ до Врбјани, односно сѐ до исклучувањето за селото, каде новиот патен правец продолжува повисоко во планината. Поголеми градежни зафати се одвиваат на потегот кај селото Извор и натаму кон Кичево, стои во објавата.

Делницата од 57 километри се гради веќе 10 години, со две влади, а и понатаму останува една од топ-темите на жителите на овој дел на државата. Низ годините лошите услови за возење на патот предизвикаа неброени сообраќајни незгоди во кои загинаа многу луѓе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука