Охрид, 7. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес прeтежно сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.
– До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 53