Охрид, 7. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот, д-р Кирил Пецаков се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне каде се одржа панихида и културен настан на најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата, кај градските гробишта , во градскиот парк, во дворот на Основен суд и во дворот на СОСУ „Кирил и Методиј“.
Пред спомен обележјата на борците се поклонаа и останати делегации на претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25