Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен Театар Охрид и Театар „Патувалка“ ја најавуваат претставата „Здраво детство“, интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици.
– Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната. Претстава за дечиња со возраст од 3 до 6 години. Играат: Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и Балтазар, информираат организаторите.
Претставата ќе се игра вечерва, среда, 13-ти ноември 2024 година, со почеток во 18:00 часот. Билетите се продаваат по цена од 150 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото. архива
Прочитано: 102