News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 8, 2024

Струга, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од 380 лица, во тешка и неизвесна борба со окупаторот, го дадоа својот живот за слободна Струга, која токму денеска го одбележува Денот на ослободувањето.

На 19-ти октомври 1944 година во раните утрински часови Струга била окупирана од германските единици и нивните помагатели. Борците во Струга биле во исклучително тешка положба и многу малку во споредба со окупаторот, чии единици биле распоредени во Охридско-струшкиот регион со најсовремено оружје и опрема.

– Посебно беше тежок теренот кај Струшкото блато, но на наша страна беше идеалот и големата желба кај борците Струга да биде слободна. Борбата беше многу тешка. Во раните утрински часови падна и првата жртва во пределот на Мороишки мост, а загина млад жител на селото Локов. Потоа загина војник од Кичево, па охриѓанец. Се редеа ранети и мртви, раскажуваат борците кои застанаа на страната на правдата, вистината и слободата.

Денес Струга е модерен град кој блика со својата светлост и убавина, град на две води, на мостовите и поезијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука