Охрид, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид започна целосна реконструкција на двата санитарни јазли (тоалетите) во одделенска настава.
– Со оваа мерка значително ќе се подобрат условите во нашето училиште. Кабините ќе бидат изработени со компалт плочи со согласно највисоките европски стандарди за хигиена и естетика.Тоалетите ќе бидат целосно реконструирани, согласно изготвениот проект од овластена компанија, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски“.
Додаваат дека средствата се обезбедени од страна на Општина Охрид и се во вредност од 1.800.000 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 97