Охрид, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми ноември 2024 година, во 19:40 часот на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 48-годишно лице од Охрид.
– Претходно во казино на истата улица, тој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 124