Охрид, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од свеченостите посветени на празникот 7-ми Ноември, ден на ослободувањето на Охрид, денеска напладне во големата сала на Општина Охрид се одржа промоција на третата по ред збирка поезија „Тие доаѓаат“, во избор на Славе Ѓорѓо-Димоски.
Книгата е составена од два дела, песни напишани од основци и средношколци. Издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид, а тиражот е 300 примероци.
Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а лектор проф. д-р Димитар Пандев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 83