Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 12. степени.
– Под влијание на постудена воздушна маса од север, дневната температура денеска ќе опадне за 5-7 степени. Потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 93