Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 64