Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид информираат дека се поништува јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес од областа на социјалната заштита на Општина Охрид за 2025 година.
– Се повикуваат сите кои имаат поднесено апликација во вторник, на 12-ти ноември 2024 година, во малата сала на Општина Охрид, во периодот од 12:00 до 14:00 часот каде ќе можат да ги подигнат своите апликации, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 57