News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 12, 2024

Охрид/Битола, 12. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Есен и зима се периоди каде полесно може да намали нашиот имунитет, почест престој во затворени простории и полесно предавање на вируси и бактерии помеѓу соговорниците. Како последица на тоа, има чести настинки и грип и компликација од нив при неадекватено реагирање од наша страна.

Настинката и грипот обично се одвиваат и се подобруваат во рок од една недела, но понекогаш компликациите од овие болести можат да станат сериозни. Настинката и грипот може да доведат до различни компликации, од дехидрација до секундарни инфекции (како што се инфекции на увото или пневмонија).

Некои луѓе се изложени на поголем ризик од развој на компликации од заразни болести, па затоа е важно да се фокусирате на превенцијата и да ја добиете вистинската нега кога ќе се разболите.

Дехидрација

Грипот и настинката може да предизвикаат дијареа и повраќање и може да го намалат апетитот. Како резултат на тоа, пациентот може да се дехидрира. Симптомите на дехидрација вклучуваат: сува уста, темна боја на урина, мало или никакво мокрење, замор, главоболка.

Треба да се направи се што е можно за да се спречи дехидрација, како што се пиење течности како вода, билни чаеви, супи и свежо цедени сокови, и прием на електорлити (по потреба).

Ушни инфекции, особено инфекции на средното уво (отитис медиа), може да се појават по настинка или грип. Иако боледуваат и возрасните, тие се почести кај децата. Инфекциите на увото може да бидат доста болни. Земањето ацетаминофен (парацетамол) или ибупрофен нема да ги излечи, но може да ја олесни болката. Во некои случаи, овие инфекции, доколку се бактериски, може да се третираат со антибиотици.

Постарите деца и возрасните обично можат да препознаат инфекција на увото само врз основа на болката. Кај помалите деца, идентификувањето на инфекција на увото е малку потешко. Тие треба да се следат за следните знаци: главата навалена на едната страна, плаче повеќе од вообичаено, потешкотии за заспивање, исцедок од увото, проблеми со рамнотежа или слух, необјаснета треска, синусните инфекции.

Синусните инфекции (синузитис) може да предизвикаат непријатност или болка и да ги афектираат луѓето од сите возрасти. Симптомите на синусните инфекции вклучуваат:

– болка или притисок во лицето, особено околу очите и носот, затнат нос, главоболка, висока температура, слабост и замор, болки во грлото, кашлица која може да се влоши ноќе, лош здив, губење на мирис.

Симптомите на синузитис се лекуваат со деконгестиви, лекови против болки, солени спрејови (морска вода) и миење (иригација). Понекогаш антибиотиците можат да ја третираат инфекцијата кога таа е предизвикана од бактерии (но не секогаш причинител е бактеријална инфекција).

Доста често при ненавремно дијагностицирање, инфектот од горни дишни патишта експандира (се раширува), се влошува и инфекцијата преминува кон долни дишни патишта (бронхитис, прневмонија) Затоа е важен навремено реализирање на преглед кај Оториноларинголог.

Автор: Д-р Димче Марковски, специјалист по Оториноларингологија

Прегледите се во Битола, закажете во канцеларијата на референтниот центар „Жан Митрев клиник“ во Охрид која се наоѓа на улицата „7-ми Ноември“, број 27, на првиот кат влез 1. Телефонот е 071/313-301, на кој можете да ги контактирате за сите дополнителни детали.

Повеќе за референтниот центар „Жан МИтрев клиник“ во Охрид ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука