Охрид, 12. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска на средбата со полските туристи им ги презентираше убавините на македонскиот бисер Охрид.
– Тие воодушевени што одблиску имаа можност да дознаат со какво природно и културно наследство располага градот, не криејќи го своето задоволство кажаа дека престојот во Охрид ги надминал нивните очекувања. Старото градско јадро, Охридското Езеро, културно-историските споменици, архитектурата, нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна и разновидноста на туристичка понуда е она што ги привлекува посетителите, соопштија од Агенцијата.
Полските туристи изминативе години се сѐ побројни во нашата земја и на охридската ривиера. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во септември годинава Република Македонија ја посетиле 4.717 туристи од Полска, кои се на четврто место по однос на структурата на странските туристи кои ја посетиле земјава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива