Охрид, 12. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со претставници од Црвениот крст Охрид, денеска во Основното училиште „Братство Единство“ во Охрид, одржаа едукативни предавања на тема „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“.
Притоа, пред 80 ученици од македонски и албански паралелки од осмо и деветто одделение, низ проактивен пристап, беа изнесени низа информации за штетноста од зависностите со акцент на злоупотребата на дрогата и негативното влијание кое го има врз развојот, пред се’ на младата личност.
На учениците им беше поделен едукативен материјал со низа корисни совети за спречување и сузбивање на оваа асоцијална и девијантна појава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 67