News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 13, 2024

Штип/Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Иако своевремено беше најавено, Охрид, неофицијално, во моментов нема да биде помеѓу градовите каде LIDL, компанијата која важи за еден од водечките европски малопродажни синџири, ќе отвора маркети во првата фаза од влегувањето на македонскиот пазар.

Во меѓувреме започна изградбата на маркет во Штип, каде се предвидени две локации. Компанијата планира да гради маркети во Скопје, Битола, Кавадарци, Струмица, Кичево и Тетово.

Очекувањата се дека отворањето на LIDL ќе влијае на подобрување на понудата на производи, зголемување на конкуренцијата, а со тоа и на пониските цени за потрошувачите. Исто така, инвестицијата ќе донесе нови работни места и ќе стимулира дополнителни инвестиции во регионот.

Во Куманово познатиот германски бренд го гради логистичко-дистрибутивниот центар за снабдување на маркетите во Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука