Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Малите диви депонии создадени од несовесни граѓани се еколошки проблем со кој и понатаму се соочуваме.
Со кабаст, зелен и друг вид отпад одложен на несоодветно место се обезличуваат јавните површини, се дава лош изглед и се деградира функцијата на просторот.
Во есенскиов период оперативните служби на ЈП „Охридски комуналец“ секојдневно се соочени со проблеми во тековното работење, каде несовесни поединци го депонираат зелениот отпад од своите градини и земјоделски површини каде ќе стигнат.
Неодамна се мапирани три мини-депонии со зелен отпад на улиците „Кленоец”, „Марко Нестороски” и „Ристо Чадо“, пришто со специјална механизација биле подигнати 28 м³ отпад. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“