News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 13, 2024

Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.

– Целта на состанокот беше координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови. Притоа, беа ажурирани работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона и прецизно се дефинираа задачите и обврските на сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. На работниот состанок беа утврдени материјално техничките средства и човечките ресурси со кои располагаат надлежните јавни претпријатија за одржување на патиштата и улиците, нивната подготвеност за преземање на мерки за зимско одржување на патиштата, навремено известување и координација за состојбата на патиштата, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека работниот состанок значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите субјекти поврзани со зачувување на употребната вредност на патиштата и високо ниво на функционална состојба што треба да овозможи непречен и безбеден сообраќај во зимски услови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука