News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 13, 2024

Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжи санацијата на патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот кој поминува низ селото Пештани, каде скоро два месеци не се изведуваа никакви работи.

Пештанци реагираа на состојбата во која беше оставен овој потег од фреквентниот патен правец кој води кон границата со соседна Албанија, но и бројните туристички места на овој потег на Охридското Езеро. Станува збор за потегот од црквата „Св. Богородица“, па се’ до излезот од селото кон Охрид.

Овој зафат е дел од реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, која започна на 24-ти октомври 2023 година. На делницата која е завршена е извршено парцијално проширување на коловозот на поголемите кривини, а на дел е извршено и тампонирање.

Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука