Охрид, 14. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани продолжуваат со организација на бројни настани и хуманитарни акции за помош на 3-годишната Теодора, која има потреба од операција со Кохеларен имплант.
– Во сабота во кафе бар CoCo во ТЦ „Амам“ во центарот на Охрид ќе се одржи хуманитарна забава со Дџ Лудило. Собраните средства ќе бидат донирани за Теодора. Влезница ќе чини 100 денари, информираат организаторите.
Сите хумани граѓани можат да донираат преку ecrowd.mk и pavelandreev.org, како и преку 143 128 на T-Mobile и 143 465 преку мрежата на А1.
Жиро сметка:
Зоран Петрески
дознака: Донација за Теодора Петреска
жиро сметка: 200002342823047 (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 213