Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-та седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион (ЈЗПР), досегашниот в.д.Директор на Центарот за развој Валон Каба, е избран за директор на оваа институција со која ќе раководи во следните четири години.
Валон Каба на оваа позиција доаѓа од позицијата в.д.директор, што ја вршење последните 6 месеци, додека пак во институцијата работи 15 години како регионален координатор, со големо искуство во имплементација на низа проекти во сферата на енергетска ефикасност, реконструкција на објектите и комуналната инфаструктура. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27