Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти ноември 2024 година, во 07:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко возило марка „Сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 54-годишно лице од Кичево.
– Притоа, 72-годишната сопатничка во возилото се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 33